ЗА НАС

uverenie-blanko

Лектурата подразбира стручно читање и исправање грешки на јазикот во практиката, а лекторот е овластено лице за вршење на такви активности. Никој нема право да лекторира без оваа ЛИЦЕНЦА.

Нашето повеќегодишно работно искуство во таа област само го потврдува квалитетниот, ефикасен и професионален пристап во извршувањето на работните задачи.

Ако сакате да дознаете повеќе за нашите активности и проекти, наскоро ќе имате можност да го разгледате и нашето портфолио.

 

 

 

Пофалба на зборовите

„Нема неважен збор во јазикот. Неважни се само оние кои погрешно сме ги употребиле, односно – злоупотребиле. А сме ги злоупотребиле заборавајќи дека секој од нив си има свое одредено место и своја посебна задача. Се разбира, во еден организиран систем на мислење. Зборовите не се потрошен материјал, туку непресушна материја што ја отелотворува нашата мисла и што ги изразува нејзините можности и влијание. Чувствата што не го нашле вистинското место и дејство во нив остануваат незапишани никаде и незапаметени од никого. Само преку нивните сликовити вредности ги откриваме и вредностите за себе, за сопствената самопочит. Зашто во нив, во нивното величие, се сите поуки и пораки и сета наша историска вистина. И зашто бранејќи нѐ тие, низ темните и глуви векови, едновремено го бранеле и нашето минато. Затоа само тие можат да нѐ преведат и во иднината.“

Петре М. Андреевски, Билтен 6/2004